Press "Enter" to skip to content

Фото вест: на тротоарот кај Офицерски автомобилите и камионите се уништија, се жалат битолчани

-За уништувачите на она што е општествена сопственост или во случајот градска, ништо не им значи, па затоа уништуваат, кршат и во празник и во делник и дење и ноќе, со овие зборови не пречекаа битолчани кои ги затекнавме на тротоарот кај Офицерки дом, каде е скршена уште една канделабра.

-Тука не е тротоар тука автопат, поминуваат автомоболи и камиони по цел ден. Ова не е прв пат, а ни последен, се е искршено околу, лмби, чешми, плочки, мермерот кај споменикот. Ламбава не е скршена од дете со рака или дете си точак, ја има скршено некој хулиган со кола и камион. Ај, пто ја кршил барем да пријави, можеби има струја, некој можи да настрада, но на никој не му гајле, додаде друг, кој рече дека живее во близина.

Пред некое време имаше акција полицијата, казнуваше тука за погрешно паркирање, но сега и нив ги нема, нека се реши некако, нека стават синџири или не знам што, не знам кој треба тоа да го стори, полиција, општина, “Комуналец“, греота е вака да се гледа како се е уништено, како да не сме со град кога ќе се свртиш наоколу.