Се изведува реконструкција на ул. „Бранко Радиќевиќ“, а во текот на денот градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска изврши увид во инфраструктурните активности.
Реконструкцијата се одвива во три фази. КЈП “Нискоградба“ работи на поставување на нова мешовита канализациона мрежа, a екипите на ЈКП „Водовод“ ја менуваат главната водоводна цевка и поставуваат соодветни приклучоци. Последната фаза од комплетната
реконструкција на ул. „Бранко Радичевиќ“ опфаќа асфалтирање и партерно уредување на улицата.
Вкупната сума, која Општина Битола ја издвои за комплетната реконструкција на улицата изнесува над 4.600.000 денари.

Комплетна реконструкција на улицата “Бранко Радиќевиќ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Вангел Алтипармаковски нов тренер на Кожув
- Flowers Symphony 2 се враќа во Скопје со нова програма и ново изненадување
- СВР Битола: дедо пријавил внука за заминување од дома, се степале соученички во средно, физички напад, битолчанец возел со забрана за возење
- Прва седница на Координативното тело за следење на имплементацијата на ЛЕАП
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“





