Press "Enter" to skip to content

Утре започнуваат корона дијалозите, прва тема пандемијата и високото образование

Универзитетот „Св.Климент Охридски” – Битола, започнува со серија дискусии за влијанието на новите предизвици од пандемијата врз повеќе процеси во општеството. 

Првата тема е за влијанието на пандемијата врз високото образование.

Корона онлајн дијалозите се отворени за учество и дискусија. Во контекст на новонастаната ситуација тие имаат за цел да го одржуваат духот кај студентите и професорите.

На овој начин УКЛО настојува активно да  придонесе во јавните политики односно во утврдувањето на натамошните правци на развој и одговори на предизвиците и последиците од пандемијата

Првата активност на Корона дијалози ќе се одржи во среда, 06.05.2020 година од 19:15 часот

More from ВестиMore posts in Вести »