Press "Enter" to skip to content

Уште еден битолчанец позитивен на коронавирус

Во изминатите 24 часа, се направени 185 тестирања за  лица кои имаме симптоми на заболување, а потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19  од кои едно лице е од Битола. Покрај него новозаболени има во Скопје 3 и  Велес 4.

Инаку, денеска е регистриран 21 оздравен пациент, а почината е пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Согласно ова, вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.