На 5 мај 2020 во 16.32 часот било пријавено дека во Битола кај село Средно Егри се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор “солис“, со битолски регистарски ознаки и мотоцикл “јамаха“.
Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот од мотоциклот, се здобил со телесни повреди, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Битола за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Битола.






