Press "Enter" to skip to content

Некогаш и денес: Ристе Настевски, бизнисмен – “точакот“ односно велосипедизмот ми беше во крвта

Жанета Ристевска

Некогаш и денес рубрика во која пишуваме за личности од различни области и професии кои твореле во последните декади на минатиот век и кои одбележале еден период. На овој начин им оддаваме респект за она што го придонесле во своја област и градот Битола. Во овој текст за велосипедизмот во Битола и периодот околу 80 години од минатиот век и сеќавањата на велосипедистот Ристе Настевски, член на велоспидескиот клуб “Коле Канински“ од Битола од 1975 година. Ги освоил сите можни награди и признанија на републичко ниви и возел за репрезентацијата на СФР Југославија од 1982 кога таа се натпреваруваше на меѓународни  трки. За почетоците, тешки материјални услови во времиња на посиромашно време кога опремата била тешко да ја имаш. Но, тој како што кажа во крвта ми беше возењето и велосипидизмот.Ми остави впечаток неговата љубов кон овој спорт, бидејќи и покрај тоа што како што кажа “стариот, татко ми, беше многу против мојата желба да возам, да тренирам. Сега го разбирам и дека тоа потекнуваше од неговаат родителска грижа, во смисла што овој спорт бара големи напори. Особено кога ќе ме видеше кога ќе си дојдев преморен да не можам да ги одврзам патиките, тогаш тој ми зборуваше. Тука сигурно и неговата грижа по цели денови возење по патишт,а кога требаше да ме мисли мене и мојата безбедност. Дури сега го разбирам, но љубовта кон точакот, да кажам по битолси, беше многу посилна, па така не помогна и неговота противречење. Така ги започна своите сеќавања за да продолжи.За детството…

-Започнав уште мала возраст, за детските години, паметам дека уште како дете нон-стоп со велосипедот “ваму – таму“ по цел ден, се додека случајно разбрав дека има велосипедски клуб во Битола. Се распрашав и еден сосед кои познаваше некои од луѓето таму ме однесе. Клубот “Коле Канински“ се наоѓаше во ДТВ Партизан кое беше седиште и на многу други спортови. Тука откако  започнав и понатаму тренирав и дружев со ракометари, кошаркари, одбојкари кога имавме подготовки за натпревари, во зимсите месеци. Убави времиња на дружења, пријателства кои траат и денес.Образование…

-Уште од мал многу возев велосипед, затоа училиштето некако не ми беше во прв план. Завршив основно образование во ОУ “Трифун Пановски“, а продолжив средно во Горната гимназијата “Јосип Броз Тито“. Потоа се запишав на Виша земјоделска школа, заедно со Пепи Манасков и други спортисти, бидејќи како спортисти тогаш мораше да се школоваме и да напредуваме.Зачленување и деновите во велосипедскиот клуб “Коле Канински“…

-Во  Велоспидскиот клуб “Коле Канински“, кој како реков се наоѓаше во ДТВ Партизан се зачленив во 1975 година, тогаш имаше околу 10-тина членови. Тука како најзначајно е  името на  Томе Станоевски, најзаслужен за велосипедизмот во Битола, кој се натпреваруваше во сениори на републичко ниво, бидејќи беше жртва за овој спорт. Тој и неговите другари не подготвуваа физички, психички,  морално и со несебично помагање во материјална смисла. Ќе го кажам, сосема со почит и името на Цане Ѓорѓиевски кој не помагаше со дресови, опрема, јадење и пијалоци за време на возењето на тренизи. Не следеше со авомобилот на возење и тренинзите. Кога ќе се сетам сега тоа беа сиромашни времиња во однос на денес во на опрема, велосипеди…  Но, секогаш без разлика на условите кои ги имавме, временските услови, заеедно бевме Ице, Кире, Душко, Ацко, Жан, Никола и остаанатите.Што ве мотивираше да тренирате во тешки услови и како што кажувате дека велосипедизмот е еден од најнапорните спортови?

-Јака волја и љубов кон велосипедизмот. Се сеќавам дека мојот татко, “стариот“, не ме подржуваше, а понекогеш имаше и распоравии. Тоа беше татковата грижа, дека многу напор  се вложува, без некоја друга сатисфакција во материјална смисла. Јас му кажував дека тоа ми е во крвта и нема откажување.  Тренинзите и возењето беа Битола-Кичево-Охрид-Битола или кога се подготвував за трка Битола-Тетово-Гостивар-Скопје-Прилеп-Битола со одмор, спиење во Скопје. Кога ќе се вратев од такви напори, тој бурно реагираше, бидејќи му беше жал да ме гледа преморен. На почетокот тоа беа аматерски тренизните, возење до Претор, Отешево,  Охрид… Немавме автомобили  и поврзувавме корисното со задоволството. Ќе возевме до таму, останувавме некој час, каписе, сончај се и врати се вечерта.Овој период во велосипедскиот клуб “Коле Канински“, имаше добра атмосфера, дружење, солидарност, помагање од страна на Томе Станоевски и неговите другари.  Од 1976 сениорите како  Томе Станоевски, Ицко Ристевски, Душко Митановски, Кире Стаматов, Жарко Митановски, Жан Петревски,  постигнуваа добри резултати на републичко ниво и беа забележани. Кога Томе Станоевски се вработи во “Гоце Радосављевик“ тогаш тој многу се завзеде за велосипедскиот клуб “Коле Канински“ кај директорите од тоа претпријатие. Тука имаше и други како Неџат Јусуфи и други. Кога не зедоа под нивно покровителство тогаш веќе се стана поинаку и доби поинаква димензија. Добивме нова опрема,  велосипеди… Започнавме да одиме на подготовки во Пореч, Хрватска каде во текот на фебруари каде доаѓаа и велосипедистим од цела СФР Југославија. Сега веќе можавме да размисувамеза подобри резултати, да се школуваме за велосипедиза, да победуваме, да бидеме фаворити, а потоа и за репрезентација.Учество на прва велосипедска трка на републичко ниво…

-Во 1976 моја прва трка на републичко ниво и  победа. Ќе ја кажам случката која претходеше на оваа трка.  Тогаш бевме ривали со велосипедистите од Скопје така да речем “се јадевме меѓусебно“ кој ќе победи и заради тоа тие имаа пратено некој да не шпионира кој како вози. Мене, Томе Станоевски, ми имаше дадено инструкции како да се однесувам и да се подготвувам. На трката не се надеваа на мене јас ги заминав со возење и ги изненадив сите со победа.Редовно одевме на подготовки во Пореч, Хрватска по месец и  пол заедно со велосипедистот Ице Ристевски. Таму им паднавме во очи на тренерите на големите клубови и репрезентацијата, но и ние знаевме дека ни треба школување и насоки. Таму не забележаа и не повикаа да тренираме заедно и така станавме дел од репрезентацијата на СФР Југославија која се натпреваруваше на меѓународно ниво. Понатаму, Ице Ристевски, заради обврски со образованието продолжи само рекреативно да се занимава со овој спорт, иако беше многу добар.Успешна кариера  од 1978-1984/5…

-Во тој период 1982 година репрезентацијата на СФР Југославија имаше повеќе групи во кои припаѓаа велосипедисти кои се натпреваруваа на различни нивоа зависно од опремата и искуството. Дел од нив односно онаа група со “фул“ добра опрема  се натпреваруваа на трката пандан на велосипедската трка “Тур де Франс“, на комунистилките земји, во Прага. Јас се натпреваруваав во групите на меѓународни трки на Истра до Белград, потоа велосипедската трка на “Алпе Адриа“, Швајцарија, Австрија и Италија. Ми кажаа дека да бидам на стенд-бај дека ќе ме повикаат за кога ќе треба. Ми направија и велосипед по мерка. Тука ќе истакнам дека 1982 година ми беше најуспешна во кариерата на репрезентативен план. Во периодот  од  1978 – 1984/5 имав успешна кариера кога постојано ме повикуваа да се натпреварувам за репрезентација и редовно на сите трки на републичко ниво. Во овие години отидов и да го отслужам воениот  рок кога имав прекин бидејќи во периодот на  80-тите години воениот рок беше долг траеше и до 16 па и  18 месеци. После 1985 година  се оженив и заради обврски не можев веќе да се подготвувам професионално, но  откако ги добив децата  веќе се помалку се натпреварував, тука беа обрските кога не можав по подолги период да бидам отсутен и да тренирам и да ме нема по еден или повеќе месеци. Обврските кон семејството тоа не можат да го дозволат. Спортот бара многу одрекувања. Тогаш се определив изгледа повеќе за другото, особено после напуштање на работата во претпријатието “Гоце Радосављевиќ“, кога започнав да работам во казино. Работата во казинот е во ноќните часови и не можев да издражам големи напори. Овој спорт е едно од најнапорните спортови кој бара да си одморен, особено добар сон.   Награди…

-Можам со гордост да кажа дека ги освоив сите можни награди кои се добиваат со учество на трки на републичко ниво како член на “Коле Канински“. На меѓународно ниво првак бев во трката Скопје- Тетово- Скопје – Куманово. Познат бев како возач хронометар што значи добар, кога има тајминг на време да се добие трката.Се уште чувствувам жал што не ја освоив трката на “Ваташкиот меморијал“ заради тоа што ми откажа тркалото и не дојде помош навреме. Но, сепак споменните од тој период ми се многу драги.Споредба некогаш и сега…

-Кога ме побаравме за овој разговор малку се подготвував. Барајќи низ фотографиите, старите тетратки, документација, медалите, пехарите се вратив во едно убаво време на младоста и живеење во СФР Југославија кога можеби бевме поскромни, не баравме многу, бевме задоволни, а дружењата не можеме да ги споредиме со овие денес. Немавме мобилни, и заради тоа се дружевме надвор со велосипеди, имавме време отповеќе  и заради тоа можеби и не ни претставуваше напор да возиме до Претор, Отешево, Охрид за да се искапиме во езеро. Не ни беше проблем што родителите тоа што заради немање можност не не носеа на море. Посебно беше и дружењето со спортисти  ракометари, кошаркари, одбојкари, особено во ДТВ Партизан каде сите доаѓаа да спортуваат. Тогаш се натпреварувавме од љубов. Можеби и славата некако ја добивавме само во малото, бидејќи немаше социјални мрежи, каде ќе го ставиш секој медал, а ги освојувавме и на ниво на СФР Југославија.Сега кога ќе дојдам во клубот, кој не се вика повеќе “Коле Канински“, туку Пелистер 15 мај, кој продолжи да живее благодарение на неколку ентузијасти како Африм, кој љубовта кон “точаците“ ја наследи од татко му Неџат Јусуфи, кој многу помагаше во клубот, ме радува дека сега е подобро. Имаат солидни велосипеди, младите се дружат, се смеат, уживаат во возењето. Но, сакам да им препорачам, ако видат дека “нешто има во нив“, да продолжат, но да знаат дека ги очекува пекол, од тренинзи, преморемост, студ, жештина, понекогаш снег, дожд, но да не се предаваат, да издржат до победата, која по силна работа, да знаат, дека ќе дојде.За семејството…

-Имам син и ќерка кои само рекреативно возат, но можам да кажам дека се вљубени во овој спорт, која желба изгледа  и јас им ја всадив. Мојот син, Слободан секој ден во зависност од временските услови вози, и по стотина километри. Ќерката Марија се занимаваше со ракомет во основно улилиште кога се натпреваруваа и на републичко ниво.  Денес тие се школувани, вработени со свои семејстава. Ќе откријам нешто интересно што можеби и нема да биде случајно. Мојата внука на 15 мај слави трет роденден, а и снаата ќе треба да се породи на 15 мај. Велосипедскиот клуб во Битола  сега покрај Пелистер ја носи и додавката 15 мај. Се надевам дека можеби некое од внучињата ќе ме наследи.Додека се објави ова интервју, Ристе Настевски, доби внук од својот син Слободан, вчера на 15 мај. Можеби и не е случајно, некое од внуците да оди понеговите стапки. Сега може да ужива во овие денови. Како и што и кажа: сега живеам мирен повлечен живот имам приватен бизнис. Уживам во кафе со пријателите и се радувам и гордеам на децата и внуците.

More from БитолаMore posts in Битола »