Во СВР Битола било пријавено дека на ул. “Христо Узунов“ во Битола настанал пожар во куќа во која престојувал Д.Р. заедно со неговата сопруга на возраст од 59 години и нивната ќерка при што биле опожарени две простории во куќата. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.
Во СВР Битола било пријавено дека во близина на угостителски објект на пат Битола-Нижеполе имало опожарен моторцикл “јамаха“ без регистарски ознаки сопственост на лице од Битола, по чие кажување моторцикалот му бил украден пред два дена но истиот не го пријавил случајот. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.






