Press "Enter" to skip to content

Со полагање цвеќе на споменикот на Револуцијата во Битола, одбележан 8. септември, Денот на независноста (фото)

Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Револуционерната борба кај Центарот за култура во Битола, од страна на градоначалничката на Општина Битола – Наташа Петровска, делегации на Советот на Општина Битола, на Сојузот на борци и на политичките партии, денес се одбележа 8. Септември, Денот на независноста на Македонија.По повод големиот празник, градоначалничката на Општина Битола – Наташа Петровска им го честита празникот. 8 Септември на сите граѓани на општина Битола, како и на цела држава по повод независноста на државата.Делегацијата на Советот на општина Битола ја предводеше советничката Елеонора Илевска, која заедно со советничката Биљана Поповска, положи цвеќе на споменикот на Револуцијата.Во име на партијата СДСМ од Битола, цвеќе положи пратеничката во македонското собрание Бисера Стојчева – Костадинова, а во име на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, цвеќе положи делегација која ја предводеше претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Иванчо Тошевски.Цвеќе положи и делагација на Сојузот на борци од Битола.На 8. септември 1991 година, на спроведениот референдум македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.