Советот на Општина Битола ги прифаќаат барањата за доставување на барања за согласност од Владата за реализирање на настава со физичко присуство во основно образование за учениците од четврто до деветто одделение и за учениците во комбинирани паралелки од прво до петто одделение во учебната 2020/2021 година, поднесени од: ОУ “Д-р Трифун Пановски“ Битола, ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола, ОУ „Александар Турунџев“ с.Кукуречани, Битола, ОУ „Крсте Петков Мисирков“ с.Бистрица, Битола, ОУ „Елпида Караманди“ Битола и ОУ „Коле Канински“ Битола.
Исто така Советот на Општина Битола ги прифи барањата за доставување на барања за согласност од Владата за реализирање на настава со физичко присуство во средно образование во учебната 2020/2021 година, поднесени од СОУ „Таки Даскало“ Битола и СОЗУ „Кузман Шапкарев“ Битола.
Се прифатија барањата за доставување на барања за согласност од Владата на за реализирање на практична настава со физичко присуство во учебната 2020/2021 година, поднесени од ОСМУ „Д-р Јован Калаузи“ Битола и СОТУ „Ѓорѓи Наумов“ Битола.
Се прифаќа барањето за доставување на барање за согласност од Владата за реализирање на настава со физичко присуство по предметот Спорт и спортски активности во учебната 2020/2021 година, поднесено од СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ Битола .
Барањата за согласности за реализирање на настава со физичко присуство врз
основа на оваа одлука ќе се достават до Владата.






