Press "Enter" to skip to content

Денес шест новозаболени битолчани од ковид-19, активни 46 случаи

Денес во Битола се регистрирани шест новозаболени од ковид-19, а денес нема одздравени пациенти. Со овие нови случаи на ковод-19 во Битола има вкупно 237 лица позитивни на ковод-19, а активни се 46 случаи.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Во последните 24 часа се направени 1.410 тестирања, а регистрирани се 121 нови случаи на ковид-19.

Починати се 3 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 161.590 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.414, бројката на оздравени пациенти е 12.896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.881.

More from ВестиMore posts in Вести »