Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола продолжува претежно сончево, температура до 30°С

Во Битола до викендот ќе се задржи претежно сончево и топло време, а од понеделник ќе има извесно зголемување на облачноста. Денес, петок, 11 септември, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 30°С.

И утре, сабота, 12 септември, во Битола ќе продолжи времето да биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата во Битола до 30°С.

More from ВестиMore posts in Вести »