Во Битола, денес, петок се регистрирани нови четворица заболени од ковид-19, а бележиме и тројца оздравени пациенти, според информациите на Министерството за здравство, објавени на навната официјална страница на “фејс бук“.
Во последните 24 часа се направени 1.542 тестирања, а регистрирани се 142 нови случаи на ковид-19.
Починати се 5 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 98 оздравен пациент.
Досега во земјата се направени вкупно 163.132 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.555, бројката на оздравени пациенти е 12.994, на починати е 642, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.919.






