Во Битола и во државата до среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во четврток се очекува развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Денес, сабота, 12 септемви, во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 31°С.
Утре, недела, 13 сепрември, времето во Битола ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Температурата во Битола до 30°С.






