Денес во Битола се регистрирани три нови случаи на заразени битолчани од ковид-19, а исто толку, три лица се оздравени.
Во Битола има досега регистирани 244 позитивни лица на ковид-19, а активни се 47 случаи.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во последните 24 часа се направени 1.507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19.
Починати се 4 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 164.639 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.694, бројката на оздравени пациенти е 13.128, на починати е 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.920.






