Денес во Битола, во сите основни училишта основните ќе ги добијат свидетелствата за завршени одделенија во изминатата школска години, кои поради пандемијата и посебните мерки и протоколи не ги добија традиционална на 10 јуни, кога и завршува учебната година.
Денес учениците во Битола, свидетелствата ги добиваат во школските дворови, според претходно утврден редослед од страна на училиштето, еден по еден, со почитување на сите пропишани протоколи.






