Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сообраќајка како на филм на булеварот кај Црн Мост

На 16.09.2020 во 21.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на булевар „Први Мај“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патнико возило “ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 37 годишник од Битола и патничко возило “фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од  58 годишник од Битола.

Според пријавеното, после тоа, возачот на “аудито“ со закана со остар предмет го одзел “голфот“ кој бил учесник во сообраќајката и побегнал.

Набргу потоа, тој бил фатен и лишен од слобода, при што ги попречувал полициските службеници во вршење на службените дејствија.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесе соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »