Во Битола во последните 24 часа има нови шест лица кои се заразени од корона вирус, нема ниту еден оздравен пациент.
Во последните 24 часа се направени 1.674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19.
Починати се 7 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 171.155 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.274, бројката на оздравени пациенти е 13635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1.964.






