-Светскиот ден на чистењето е глобална социјална акциска програма која има за цел да се избори со светскиот проблем на справувањето со отпадот.
ЈП “Стрежево“ од Битола го одбележа овој ден со акција за чистење на акумулацијата “Стрежево“, која обезбедува вода за водоснабдување на општините Битола, Новаци и Могила, во сопствена организација, а во соработка со здружението “Go Green“ – Биди Зелен.
-Дадовме свој придонес на најпозитивното граѓанско движење во светот, во борба против најзагрижувачкиот проблем во животната средина – справувањето со отпадот. Заклучокот е заеднички, сите да се вложиме максимално и да се вклучиме во зајакнувањето на граѓанската совест, како и пријавување на загадувачите на животната средина. Апелираме до граѓаните, поединците, институциите дека мора да се почитува животната околина како и сите заедно да развиеме механизми за поддршка на граѓаните, општините и други засегнати групи за подобро и полесно да се справат со неорганизираното и незаконско фрлање на отпад – изјави Методија Граматковски, директор на ЈП “Стрежево“ од Битола.
Вработените во ЈП “Стрежево“ од Битола, денес беа само дел од огромниот број на волонтери и активисти во светски рамки, кои се здружија да исчистат милиони тони ѓубре, на сите континенти.

Акција за чистење на акумулацијата “Стрежево“ организирана од ЈП “Стрежево“-Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер само со бод се враќа од Струмица
- Пелистер загуби од Струмица во второто коло
- Бојана Скендеровски на 30 октомври закажа концерт во Битола
- Деновиве пред 10 години: рускиот пијанист Олег Маршев ги воодушеви присутните и го затвори 25. по ред “Интерфест 2016“ во Битола
- Пелистер гостува во Струмица, Савичевиќ верува во тимот





