Денес, вторник, 22 септември, во Битола времето, според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе се зголеми облачноста и ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 25°С.
Утре, среда, 23 септември, во Битола, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 25°С.






