Press "Enter" to skip to content

Стопанска банка а.д. Битола заедно со најмалите го одбележа Меѓународниот ден на мирот (фото)

На 21 септември, во дворот на Магазата на градскиот плоштад “Магнолија“ во Битола беше одржан настан на кој деца од 3 до 6 годишна возраст преку цртеж, дружба и насмевки го одбележаа Меѓународниот ден на мирот.Стопанска банка а.д. Битола го поддржа и присуствуваше на настанот и заедно со дечињата, преку нивните цртежи ја испрати пораката за поубав и помирен свет.“Нема посоодветен начин да се испрати оваа силна порака за мир во светот од тоа да
се направи преку слатките насмевки на најчистите и најискрените суштества на
светот“.Стопанска банка а.д. Битола на дечињата и подари и боенки и им порача да продолжат
да го бојат светот во шаренило.Заедно за поубав, посреќен и помирен свет!

More from ВестиMore posts in Вести »