Според информации на Министерството за здравство обравени на нивната официјална фејс бук страница, во Битола денес има двајца новозаболени од ковид-19 и двајца оздравени.
Во Битола на инфектовното одделение во Клиничката болница во Битола, хоспитализирани се 22 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19.
Починати се 5 лица од кои еден пациент од Битола на 60 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти
Досега во земјата се направени вкупно 177.635 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.867, бројката на оздравени пациенти е 14.084, на починати е 705, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.078.






