Press "Enter" to skip to content

Сузана Димовска, аптеки “Роса Вита“ Битола, за Светскиот ден на фармацевтите

Денес 25. септември се одбележува Светскиот ден на фармацевтите, кои грижата за пациентите не ја започнуваат во аптеките, туку многу порано, со препознавање на здравствените потреби и проблеми на населението, со развој на лековите, со воведување на нови здравствени политики и едукациски програми.

По повод Светскиот ден на фармацевтите, Сузана Димовска, сопственичка на аптеките “Роса Вита“ – Битола, за нивниот ден, вели:

-Фармацевтите се значен сегмент во здравствениот систем одговорни за осигурување на правата на пациентите, давање на вистинскиот лек во вистинската доза како и индивидуална посветеност на секој пациент. Од истражување и развој, преку ставање во промет, производство, дистрибуција и издавање на лековите до апликација, следење на терапијата и советување, не случајно секогаш е присутен фармацевтот. Секогаш во аптека, но и во болница, фармацевтот со своето експертско знаење и вештини, обезбедува фармацевтска грижа со точни информации и совети за превенција од болести, здравствена заштита и рационална употреба на лекови. Тука е за секој пациент да го добие вистинскиот лек во вистинско време.

Посебно оваа грижа за пациентите ја покажавме, сите без исклучок, во изминатата половина година, кога сите работиме во тешки услови, со почитување на сите протоколи за заштита, себе, колегите и секако пациентите, во што сум убедена дека во Битола, успеавме досега, а ќе успееме и во иднина.

Затоа, почитувани колеги, без разлика каде сме на работно место, во аптеки, болници, истражувачки центри, образование… нека е среќен 25 септември, Светскиот ден на фармацевтите!

More from ВестиMore posts in Вести »