Press "Enter" to skip to content

По повеќе денови, денес во Битола нема новозаболени лица, тројца оздравени од ковид-19

По повеќе денови во Битола не бележиме новозаболени лица, а имаме тројца оздрвени пациенти од ковид-19.

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на ковид-19

Починати се 9 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 110 оздравени пациенти од кои 3 од Битола.

Досега во земјата се направени вкупно 182.538 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.343, бројката на оздравени пациенти е 14.422, на починати е 721, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.200.

More from ВестиMore posts in Вести »