Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола променливо облачно, ветровито со повремен дожд

Денес, сабота, 26 септември, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде променливо облачно, посвежо и ветровито, уште од утринските часови со повремени врнежи од дожд. Можно е невреме со пообилни врнежи (над 30 л/м2), грмежи, силен ветер (над 80 км/ч.) и услови за појава на град. Кон крајот на денот времето ќе се стабилизира. Температурата до 21°С.

Утре, недела, 27 септември, времето во Битола, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата до 21°С.

More from ВестиMore posts in Вести »