По неколку дена кога во Битола имаше по 5-6 заболени пациенти, денес нема новозаболени, а регистиран е еден оздравен пациент од ковид-19.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Во последните 24 часа се направени 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19.
Починати се 4 пациенти, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент.
Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.674, бројката на оздравени пациенти е 14.642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.303.






