Најголема бројка на новозаболени во еден ден денес е регистрирана во Битола, вкупно 7 новозаболени битолчани. Со овие седум мина бројот на позитивни лица со ковод-19 во Битола вкупно изнесува 303, а моментно активни се 62 случаи.
Бројот на оздравени лица е тројца битолчани, а на инфективно одделение во Клиничката болницата во Битола се хоспитализирани се 17 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на ковид-19. Во болнички услови се починати 8 пациенти, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 159 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 187.080 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.786, бројката на оздравени пациенти е 14.801, на починати е 737, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.248.






