Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола со два настани ќе го одбележи почетокот на новата академска 2020/21 година.
Утре, 1 октомври, во 9 часот, претставници од раководството на УКЛО и ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски, на дисперзираните студии од Правниот факултет во Битола, заедно со деканот проф. д-р Горан Илиќ ќе направат обиколка на комплетно реновираните простории.
Потоа, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, Ректорот Коруновски ќе присуствува на првиот академски час и официјално, ќе ја упати пораката за успешна академска година за сите студенти на УКЛО.
Изборот на ФТУ не е ни малку случаен. Годинава, оваа единица на УКЛО одбележува 5о годишен јубилеј.






