Press "Enter" to skip to content

На Славјански универзитет се одржа првиот академски час он-лајн во Свети Николе и Битола

Приближно 300 бруцоши на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ присуствуваа на првиот (онлајн) академски час кој се одржа преку платформата Zoom на 1-ви октомври во Битола и Свети Николе.

Настанот го водеше актерот и студентот на  Марјан Ѓорѓиевски.На настанот студентите преку виртуелна прошетка можеа да се запознаат со универзитетот и со службите кои работат за да им го олеснат процесот на студирање.

Преку прошетката студентите можеа да се запознаат со Службата за студентски прашања, Центарот за кариера, библиотеката, книжарницата и издавачката куќа, службата за Е-учење итн.Беше промовирано и видео со кое се одбележи денешниот академски час.

https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/3638587629506681

More from ВестиMore posts in Вести »