Press "Enter" to skip to content

“Стерилизирај го својот миленик“, акција на “Мали херои“ и фондација “Бибевски“ утре на Магнолија во Битола

Утре, сабота,  3 октомври, на плоштадот “Магнолија“ во Битола од 11 до 13 часот, здружението за заштита на животните “Мали херои“ од Битола во соработка со фондација “Бибевски“ од БИБЕВСКИ (USA) организира промоција на акцијата за  субвенцинирани стерилизации на домашни нерасни кучиња.Организаторите ги покануваат битолчани да дојдат заедно со својот миленик да го посетат на штандот за промоција на Акцијата.-Ова е супер можност за секој сопственик за да им го продолжете векот на вашиот миленик и да придонесете за помалку бездомни животни на улиците, велат организаторите на акцијата, додаваат дека:

-Ќе имате можност да си обезбедите ваучер со 50% попуст за стерилизација на вашиот миленик, да се едуцирате во врска со бездомните животни, совети и нивно вдомување и да добиете попуст за пазарување во “Пет шоп пријатели“.“Стерилизирај го својот миленик“, акција на “Мали херои“ и “Бибевски“ со ваучер од 1.500 денари ќе трае од цел октомври.

More from ВестиMore posts in Вести »