Од ЈКП “Водовод“-Битола известуваат дека по вчерашните поправки на водоводната мрежа во Битола, на Широк Сокак и на улица “Солунска“, денес, недела екипите на ова јавно претријатие санираат нови два дефекти.
Екипи на ЈКП “Водовод“-Битола, утрово, работат на санација на два големи дефекти на водоводната мрежа. Едниот на патот кон РЕК “Битола“, помеѓу селата Трн и Карамани, а другиот кон “Кромберг&Шуберт“ за брза санација на водоводната мрежа и нормализирање на водоснабдувањето.






