Во последните 24 часа во Битола се регистрирани нови три лица заболени од ковод-19 на возраст од 22 до 68 години, а сите три лица даваат податок за контакт со веќе регистрирано позитивно лице (фамилијарен контакт).
Инаку, направени 1350 тестирања, а регистрирани се 191 нови случаи на ковид-19.
Во болнички услови починати се 3 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 77 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 195.002 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.790, бројката на оздравени пациенти е 15.341, на починати е 756, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.693.






