Денес, понеделник, 5 октомври, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и натпросечно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Попладне и во текот на ноќта на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата во Битола до 27°С.
Утре, вторник, 6 октомври, времето во Битола, ќе биде променливо облачно со можни врнежи од дожд, можно е во форма на невреме. Температурата во Битола до 28°С.






