Во просториите на ОУ “Св. Климент Охридски“ во Битола, во присуство на представници од Штуловиот универзитет, гувернерот на “Д132 Македонија Лајонс“, Марјан Талев и претседателот на Лајонс Клуб “Кабадаја“ Андријана Шокларовска, беше предаден во трајно владение ресурсниот центар за деца со посебни потреби.
-Овај центар беше дел од 6 годишен проект на “Лајонс“ клубовите од Македонија и Штуловиот универзитет. Проектот финансиски беше поддржан од LCI и USAID и се однесуваше на рана детекција на аномалии на видот кај деца од пред школска возраст, во Битола, изјави Андријана Шокларовска, претседател на Лајонс Клуб од Битола, која е и дефектолог во ОУ “Св Климент Охридски“ – Битола.
За да продолжи во овој проект за рана детекција на аномалии на видот кај деца од пред школска возраст беа направени околу 35.000 прегледи на деца од пред училишна возраст на ниво на цела територија на државата, како во градските така и во руралните средини.

“Лајонсите“ донираа ресурсен центар за деца со посебни потреби во ОУ “Св. Климент Охридски“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, темпрературата до 18 степени
- Пелистер само со бод се враќа од Струмица
- Пелистер загуби од Струмица во второто коло
- Бојана Скендеровски на 30 октомври закажа концерт во Битола
- Деновиве пред 10 години: рускиот пијанист Олег Маршев ги воодушеви присутните и го затвори 25. по ред “Интерфест 2016“ во Битола





