Во последните 24 часа во Битола се регистрирани три оздравени пациенти од ковид-19, а нема новозаболени лица.
Инаку, се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19
Починати се 4 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени, пациенти од кои тројца од Битола.
Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.873, бројката на оздравени пациенти е 15.487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.626.






