Press "Enter" to skip to content

Трета меѓународна научна конференција во организација на Правниот факултет од Битола

„Кон подобра иднина: Човекови права, организиран криминал и дигитално општество“, беше темата на меѓународната конференција, која ја организира Правниот факултет од Битола.

Викендов беше отворена третата по ред меѓународна научна конференција „Кон подобра иднина: Човекови права, организиран криминал и дигитално општество“ во организација на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Оваа година, поради пандемијата со новиот коронавирус, конференцијата се одржа online преку “Google Meet“ платформата.На отворањето на конференцијата, се обратија министерот за правда Бојан Маричиќ и деканот на Правниот факултет при УКЛО, вон. проф. д-р Горан Илиќ.

На пленарната сесија, свои излагања имаа проф. д-р Дина Зигел од “Willem Pompe“ Институтот за казнено право и криминологија при Универзитетот во Утрехт, Холандија; и вон. проф. д-р Дениз Серт од Одделот за меѓународни односи при Озјегин Универзитетот во Истанбул, Турција.Пленарната сесија ја модерираше раководителката на Центарот за научно – истражувачка работа при Правниот факултет, вон. проф. д-р Ангелина Станојоска.

На конференцијата се одржаа и пет паралелни сесии на кои над 60 автори имаа можност да ги презентираат своите научни и стручни трудови, како и моментални истражувања.До крајот на октомври 2020 година ќе бидат објавени електронски изданија на Зборниците на трудови на конференцијата, но се очекуваат и неколку специјални изданија на научни трудови.

More from ВестиMore posts in Вести »