Press "Enter" to skip to content

Компанија “Mozzart“ донираше телевизори во Клиничката болница во Битола

Компанија “Mozzart“ продолжува со општествено одговорните активности со донација на телевизори во Клиничката болница во Битола, како дел од големата хуманитарна кампања во која тие донираат во болници, домови за згрижување деца, домови за нега на стари лица, студентски домови, градинки…

Донираните телевизори се распределуваат по просториите, со цел да им се овозможи поудобен престој на пациентите.

-Компанија “Mozzart“ постојано го поддржува здравствениот систем преку различни акции и хуманитарни кампањи. Донацијата на телевизори е само една од низата хуманитарни акции, а се надеваме дека ќе помогнеме на пациентите да имаат поудобен престој и да се чувствуваат повеќе како дома, со цел полесно да ги пребродат тешките моменти низ кои поминуваат во оваа ситуација, изјавија од менаџментот на “Mozzart Bet“.

-Огромна благодарност до компанијата “Mozzart“ која повторно во своите хуманитарни кампањи ја вклучува и нашата болница, овојпат со телевизори, а пред неколку месеци и со финансиска помош од 5.000 евра за полесно справување со пандемијата од Ковид-19. Секоја донација ни е добредојдена во овие моменти, а ќе придонесе кон подобро функционирање на болницата, истакна директорката на клиниката, д-р Билјана Гагачовска.

More from ВестиMore posts in Вести »