-Луѓето од целиот свет, кои страдаат од живото-загрозувачки болести, го подигаат својот глас, за зголемување на свесноста за палијативната грижа, кон сите релевантните фактори одговорни за истата, а локалните лидери, волонтери, медицински професионалци, се солидаризираат во нивната порака која гласи “Палијативна грижа, моја грижа, мој комфор”, вели д-р Евангелос Пападимитриу, раководителот на хосписот “Сју Рајдер“ во Битола, за светскиот ден на палијативната грижа, 10 октомври.
Главните цели на овој Светски ден се да се сподели визијата за достапноста до хосписите, како и во Битола, и палијативното згрижување за пациентите кои имаат потреба од тоа, да се подигни свесноста и разберат потребите, како медицински, така и психосоцијални и спиритуални, на луѓето со живото- загрозувачки болести, како и помош на нивните семејства, да се зголемат фондовите за поддршка на хосписите и палијативното згрижување.
-Нашиот хоспис “Сју Рајдер“ во Битола, кој се наоѓа до битолската болница е работна единица на специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина “13. Ноември“ – Скопје. Ги покрива потребите на југо-западниот регион на нашата држава. Мултидисциплинарните тимови се максимално посветени на нега и третман на тешко болните. Во нашиот хоспис се згрижуваат тешко болни пациенти кои се во крајната фаза од болеста која веќе не се лекува, без разлика на дијагнозата и возраста. Целиот персонал се труди да им го олесни последниот дел од животот на пациентите, а истовремено даваме поддршка на нивните семејства, додава Пападимитриу.
Овој пат, во посебни услови на светската пандемија COVID 19, денот се прославува скромно во хосписот “Сју Рајдер“ во Битола, придружувајќи се на активноста на нашата матична институција – ЈЗУ специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина “13. Ноември“ во Скопје.
“Ако не можам да те гушнам, може да те видам и слушнам” е слоганот според кој со таблет за комуникацијата помеѓу пациентите и нивните најблиски, од страна на социјалниот работник, кој деновите на изолација ќе им ги направи полесни на пациентите, а тимовите остануваат посветени на својата мисија и во иднина да ја побудиме свесноста за поголемо учество на пошироката заедница, во решавање на проблемите во функционирањето на палијативното згрижување на оваа чувствителна категорија на пациенти.
Светскиот ден на Палијативната грижа се слави како поддршка на хосписите (домови за терминални болни) и палијативната грижа и за прв пат е етаблиран во 1989 година од страна на Sheila Hurton, вработена во Princess Alice Hospice во Esher, Обединетото Кралство.






