На иницијатива на градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, во текот на денот се изведува масовна акција за чистење и дезинфицирање во градот.
Акцијата ја изведуваат битолските јавни претпријатија, со своја опрема и вработени лица, под координација на ЈП „Комуналец“ – Битола.
Во основните училишта и градинките во Битола, покрај чистењето, се вршеше и дезинфекција на објектите, дворовите и приодите, со механизација и грбни рачни пумпи за дезинфицирање.
Вработените во ЈП „Комуналец“-Битола ја чистеа дивата депонија во населба “Стрелиште“ со механизација, односно “боб-кет“ и камиони.
Во акцијата се изврши чистење и на Градското шеталиште, вклучувајќи го и просторот околу бистите, како и самите бисти на паднатите борци. Се собираа лисјата, органскиот отпад, а вработените од ЈП „Комуналец“ со посебни средства ги чистеа бистите и просторот околу нив. Со цистерната се изврши миење на шеталиштето.

Општина Битола: денес се изведе масовна акција за чистење и дезинфицирање
More from ВестиMore posts in Вести »
- Игор Трајковски – Фоја: секое мое доаѓање во Рим открива нов слој од градот, но и од самиот себе (фотогалерија)
- Силни умови, храбри гласови, здрава иднина, работилница во Медицинско
- Голема меѓународна акција на Интерпол, контроли и прегледи на 548 селектирани лица и 382 возила
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, темпрературата до 18 степени
- Пелистер само со бод се враќа од Струмица





