Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: на кружниот тек на Дулие во Битола, судар на “пасат“ и “хонда“ повредени двајцата возачи

На 11.10.2020 во 01.40 часот во СВР Битола било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на крстосница со кружен тек, составена од ул. „Филип Втори Македонски“, ул.„Прилепска“, ул.„Македонски гемиџии“, ул. „Новачки пат“ и ул. „8 Септември“ во Битола, помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 28 годишник од с. Трново, битолско и патничко возило „хонда цивик“, со битолски регистарски ознаки, управувано од 22 годишник од с.Лознани.

Во незгодата, И.М. се здобил со тешки телесни повреди, а Б.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Увид на местото на незгодата извршила екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »