Денес во Битола, за жал, се регистрирани двајца починати од ковид-19, но и голем број на заболени.
12 битолчани се новозаболени од корона вирус, а оздравени се двајца пациенти, а се работи за лица на возраст од 2 месеци до 79 години, а пет од нив даваат податок за контакт со веќе позитивно лице.
Во болницата во Битола, на инфективното одделение се хоспитализирани 27 позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Инаку, во последните 24 часа се направени 1.648 тестирања, а регистрирани се 383 нови случаи на ковид-19, од кои дури 201 од Скопје.
Во болнички услови починати се 7 лица, двајца пациенти од Битола на 60 и 79 години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациенти од кои во Битола 2.
Досега во земјата се направени вкупно 207.891 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.






