На 12.10.2020 во СВР Битола било пријавено дека во маркет на улица „Гоце Делчев“ во Битола едно лице со употреба на спреј кон вработената одзело пари од касата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 12.10.2020 на патот Битола – граница со Грција, при преземање службени дејствија, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај биле навредувани и омаловажувани од струмичанец. Се работи на расчистување на случајот.
На 10/11/12 октомври 2020, полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола на подрачје на СВР извршиле контрола на брзина, контрола за алкохол, техничка исправност на возилата, користење сигурносен појас, користење мобилен телефон при управување возило, поседување на возачка дозвола. Притоа, било констатирани дека 23 возила биле нерегистрирани, без возачка дозвола управувале 29 возачи, под дејство на алкохол биле 11 возачи и тие биле отстранети од сообраќај. Брзината не ја почитувале 113 возачи, сигурносен појас не користеле пет возачи, а осум зборувале на мобилен телефон. За сите неправилности издадени се соодветни налози.






