Press "Enter" to skip to content

Во Битола денес оздравени двајца пациенти, нема новозаболени од ковид-19

Денес во Битола по подолго време нема регистрирани новозаболени од ковид-19, а според министерството за здравство има двајца оздравени пациенти. На инфективното одделение во Клиничката болница во Битола, хоспитализирани се 32 пациенти, а вкупно има 102 активни случаи.

Во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19.

Починати се 3 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти од кои во Битола 2.

Досега во земјата се направени вкупно 209.349 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.193, бројката на оздравени пациенти е 16.397, на починати е 800, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.996.
More from ВестиMore posts in Вести »