Независната советничка група во Советот на Општина Битола, “Поинаку“, Габриела Илиевска и Иван Чулаковски и членовите на невладината организација, со поставување на деца насликани на хартија како симболика на некое минато време, потсетија за неисполнетите ветувања за Детското одморалиште на Пелистер на минатата и сегашната власт, а при тоа напишаа:
-Понесени од тишината која веќе пет години доминира на местото каде поминаа генерации на деца и млади се одлучивме на мал чекор со една симболика преку цртежи од деца да потсетиме на децениите наназад кога секое лето и зима тука имаше деца од целата Македонија и Југославија во џагор преку забава и игра, се дружеја и ги запознаваа знаменитостите на Баба Планина во чист воздух и здрава животна средина.

“Поинаку“ на поинаков начин потсетија на ветувањата за Детското на Пелистер на минатата и сегашната власт
Ова место беше симболот на другарство, на првото детско осамостојување, на првите скијачки акробации и детски забави. Сега сето тоа е замрено, покриено со тишина и уште еден неуспех на минатата и сегашна власт која никако да го реши проблемот со рестартирање или да се започне неговата рехабилитација во репрезентативен објект кој ќе ги понуди сите содржини кое му се потребни на едно дете за негово нормален развиток.
More from ВестиMore posts in Вести »
- Соопштение на ЕСМ Молика: по инспекциските надзори во кујната на РЕК “Битола“ продолжува со работа
- СВР Битола: битолчанец крадел нафта, полицијата го приведе
- Во Битола променливо облачно и нестабилно, температурата до 20 степени
- Дождот ја расипа втората вечер на винскиот фестивал во Битола, организаторите очекуваат кулминација утре (фотогалерија)
- КК Пелистер: дојдете во сала, поддршка е потребна во полуфиналето против МЗТ





