Денес, среда, 14 октомври, во Битола, времето ќе биде, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, сончево со мала до умерена облачност поголема во претпладневните часови и во планинските региони. Ќе дува умерен до засилен претежно југозападен ветер. Температурата во Битола до 18°С.
Утре, четврток, 15 октомври, во Битола времето ќе биде променливо облачно. Од крајот на денот и во текот на ноќта, почнувајќи од запад, ќе има врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата во Битола до 21°С.






