Press "Enter" to skip to content

Денес во Битола 14 новозаболени од 18 до 69 години, оздравени 5, активни 111 случаи

Денес во Битола се регистрирани 14 нови случаи на ковид-19 во Битола, а новозаразените лица се на возраст од 18 до 69 години. Од нив пет лица даваат податок за контакт со позитивно лице.  Со денешните нови случаи во Битола има вкупно 403 позитивни случаи, а активни се 111 случаи. Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.

Во Битола се регистрирани и 5 оздравени лица во Битола.

Инаку, во последните 24 часа се направени 2441 тестирања, а регистрирани се 445 нови случаи на ковид-19. Починати се 9 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 194 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 211.790 тестирања на Ковид -19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21.636, бројката на оздравени пациенти е 16.591, на починати е 809, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.236.
More from ВестиMore posts in Вести »