Press "Enter" to skip to content

Костадиновска – Стојчевска : “Со нови законски решенија ќе го подобриме животот на слепите лица”

Пратеничката од Битола, од редовите на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска, го посети Регионалниот ресурсен центар за слепи лица во Битола, по повод Светскиот ден на белиот стап. На средбата со членови на Здружението на слепи лица од Битола, Костадиновска – Стојчевска се запозна со актуелните проблеми со кои се соочуваат оваа група граѓани.

“ Ми причинува големо задоволство фактот што денес се наоѓам во Регионалниот ресурсен центар за слепи лица во Битола по повод Светскиот ден на белиот стап.

Оваа установа започна со работа пред нешто повеќе од една година и претставува уште една потврда дека доколку се има волја, соработката е единствениот начин за исполнување на зацртаните цели.

Како претставник на законодавната власт во земјава и особено како претставник на Битола во Собранието на Република Северна Македонија, моја обврска е да бидам на располагање на сите категории граѓани кои се соочуваат со различни проблеми и ,секако, битка за нивно надминување”, рече Костадиновска – Стојачевска.

Пратеничката во обраќањето подвлече дека во Регионалниот ресурсен центар за слепи лица во Битола не е само затоа што тоа е нејзина оврска, туку и желба дополнително да се унапредат правата на слепите лица од Битола и регионот.

“ Во Собранието на Република Северна Македонија пред неколку денови помина во прво читање новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Со тоа власта предводена од СДСМ уште еднаш докажа дека во нашето општество нема простор за дискриминација на било кого, по било кој основ. Тоа секако се однесува и на слепите и лицата со оштетен вид чии проблеми знам дека се поврзани и со уставно загарантирани права. Јас како нивни пратеник денес сум тука да чујам нови иницијативи и предлози кои може да го подобрат животот на слепите лица. Се надевам дека одличната соработка што ја имаме со Здружението на слепи лица од Битола, ќе продолжи и ќе резултира со нови заеднички успеси”, порача Бисера Костадиновска – Стојчевска, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од СДСМ.

More from ВестиMore posts in Вести »