Во организација на Форумот на жени при ОО СДСМ Битола, денес се одржа работна средба со угостители од градот и претставници на Граѓанската организација Банка за
храна со цел размена на искуства за вмрежување на поединци, компании, институции
и угостителски објекти во борбата против сиромаштијата и гладот.
Според статистичките податоци што ги изнесе Претседателата на Форумот на жени при
ОО СДСМ Битола, Татјана Крнчева, во земјава годишно имаме околу 120.000 тони
отпадна храна, а со само 10 проценти од неа би можеле да се нахранат околу 26.000
лица, со по три оброци на ден, бидејќи се работи за храна која е употреблива.
-На локално ниво немаме направено анализа, ниту имам информација дали некој тоа
го сторил, меѓутоа тргнувајќи од фактот дека секој еден од нас набавува количини на
храна секогаш поголема од потребната за едно домаќинство, но и заради фактот дека
Битола е и угостителски град, град со многу угостителски и трговски субјекти, идејата
стара веќе неколку години беше и останува да направиме едно вмрежување на сите
оператори со храна кои би се погрижиле тоа количество на храна добро да се
организира, да се третира, складира и успешно да се достави до оние на кои тоа им е
најпотебно, во случајов ранливите категории граѓани, со висок социјален ризик”, рече
Крнчева.
Таа ги повика сите социјални установи, институции кои имаат реална можност и
алатки, хуманитарни организации, поединци, доброчинители, угостители, трговци, да
ги здружат силите и да ги канализираат поединечните активности во борбата против
сиромаштијата и гладот.
-Во Битола се делува многу на ова поле, меѓутоа само поединечно. Се организирале
безброј хуманитарни активности, од страна на хуманитарни организации, здруженија
на граѓани, општествено одговорни компании, доблесни угостители ОО на Црвениот
крст, која морам да признам дека тоа го работи доста успешно, но искрено верувам
дека ако сето тоа успееме да го соединиме, да го сингхронизираме, да го
организираме и да му дадеме една добро организирана и подготвена форма, тоа ќе
придонесе во борбата против сиромаштијата и гладот, и сето тоа ќе заврши како една
успешна приказна за нула гладни во Битола, рече Крнчева.






