Press "Enter" to skip to content

Методија Силјановски. “Нискоградба“ ја заврши работата, фекалната канализација над “Веро“ на длабочина од 7,5 метри

По повод завршувањето на раборит на фекалната и атмосфетска канализација на улицата “Партизанска“ над “Веро“, прес-конференција одржа директорот на ЈКП “Нискоградба“ од Битола, Методија Силјановски.

Директорор Силјановски прво информира за техничките податоци на избедбените работи:-За основниот проект за реконструкција на “Партизанска“ од улицата “Васко Карангелевски“ до улицата “Методија Андонов Ченто“, се склучи договор со Министерсвото за транспорт и врски и “Жикол“ Струмица, за изведување на фекална канализација  во должина од 577 метри со просечна длабочина од 7,5 метри и атмосферска канализација со должина од 560 метри со просечна длабочина од 2,5 метри. Причините за ваквата длабочина на поставување на канализацијата се поради тоа што тука поминува “Стрежевскиот канал“, а погоре и преминот на отворениот канал на реката Курделес, кој ги опфаќа атмосферските води од Брусничко- лавчанска населба 1 и 2, а мораше да се поставува под нив.

За времетраењето на работите Силјановски рече:

-За изведба на толку големи длабини потребно е доста време како за ископите, за подлога за канализацијата и за засипување на самите канали со потребно набивање и добивање на потребната збиеност.Силјановски дообјасни дека е битоно добивање на стабилна подлога за да може потоа да се асфалтираат улиците и во текот на нивната експлоатација да немаме деформации во текот на наредните минимум десетина години и дека поради неповолни временски услови се пролонгирала изведбата.

Со инстраструктурните зафати се доби стабилна подлога, а се наместија и приклучоците за околните згради. Со ова минато стана проблемот што околните жители го имаа со канализацијата.

-“Нискоградба“ со Општина Битола имаше склучено договор за изведба на приклучоците за зградите кои гравитираат кон улица “Партизанска“, а со изведбата на приклучоците на новопроектираната фекална и атмосферска канализација беа решени долгогодишните проблеми на граѓаните од посочените згради, рече Силјановски, кој додаде дека фекалната и атмосферската канализација е компелтно изведена, приклучоците се готови, а останува да се изведе приклучокот од Брусничко-лавчанска населва 2 на фекалните води.