ЈКП “Вододов“ – Битола вечерва со следното
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Поради дефект на водоводна цевка, околу која има кабел за електрична енергија, непристапност до истиот, дополнителна интервенција од друга компанија и добра видливост, има прекин во водоснабдувањето на улиците околу паркот кај улицата “Стив Наумов“, улиците “Цар Самоил“ и “Пецо Божиновски“ во Битола.
ЈКП “Водовод“ – Битола им се извинува на граѓаните од засегнатите подрачја, а екипите на ЈКП “Водовод“ во раните утрински часови ќе работат на санација на дефектот и брзо нормализирање на водоснабдувањето.






