На Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, денеска се даде во употреба реконструираниот дел од зградата на Факултетот со површина од околу 800 м2.
Реконструирањето беше дел од проектот “Креирање на можности за вработување на младите дипломирани кадри во пограничниот регион – ВРАБОТИ МЛАДИ“, финансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички, во рамките на Програмата за погранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014-2020“, а вредноста на инвестицијата на ФИКТ-Битола, во оваа фаза е 113.000 ЕУР.
-Претстои и инвестиција од други средства, околу 50.000 евра за опремување со мебел и компјутери,, изјави за медиумите проректорот за наука на УКЛО и раководител на проектот, проф. д-р Игор Неделковски и проректор за наука на УКЛО-Битола, и нагласи:
-Овој простор ќе биде многу битен за едукацијата на студентите. Предвидено е тука да функционира ИТ хаб, место каде што тие ќе се среќаваат со ИТ индустријата и ќе работат на заеднички реални проекти кои им требаат на индустријата, а на студентите ќе им овозможат реална практична настава. Во овој простор ќе функционира и Битола Старт-ап центарот.
-Од утре веќе ќе се внесуваат содржини во новиот простор на ФИКТ, преку друг проект, преку старт-ап центрите, најави ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, и истакна:
-Добро е дека нашите стручни кадри цело време размислуваат и преку овие фондови од ЕУ успеваат да привлечат внимание и средства. Овде сме за од утре да ги подигнеме кариерите на младите студенти и да им овозможиме нивните идеи да станат реалност. А ние сме тука како Универзитет да им помогнеме и тука да почнат бесплатно да ги развиваат своите идеи.
Инаку во овој проект е вклучено и Министерството за локална самоуправа, кое учествува со 15% од средствата. Заменик министерот за локална самоуправа, Зоран Димитровски, кој присуствуваше на настанот, истакна дека новиот простор во зграда на ФИКТ ќе им овозможи на младите информатичари да го збогатуваат своето знаење, да воспоставуваат нови конекции со индустријата и комапаниите, и заедно сите да направат економски успех и развој на нашата држава.
-Се надевам дека вложувањето во млади и во информатички кадар, кој секаде во светот е дефицитарен, ќе помогне за нашата економија и воопшто за државата. Се надевам дека овој простор ќе биде искористен и за правење на стратапи, на компании кои ќе бидат основани од млади кадри во информатичката наука, рече Димитровски.

На ФИКТ-Битола нови 800 м2 за едукацијата на студентите, ИТ хаб и Битола Старт-ап центарот (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Младите “пелистерци“ со два гола во завршницата во Битола го победија Куманово
- Утре “второ“ полуфинале во Битола, Стајиќ: сакаме реванш, па мајсторка нека одлучи…
- Пелистер во Битола со висока победа над Шкупи (фотогалерија)
- Соопштение на ЕСМ Молика: по инспекциските надзори во кујната на РЕК “Битола“ продолжува со работа
- СВР Битола: битолчанец крадел нафта, полицијата го приведе





